Лидерот на републиканското мнозинство во американскиот Сенат, Мич Меконел, изјави денес дека претседателот Доналд Трамп треба целосно да побара да испита дали имало „неправилности“ на претседателските избори минатата недела.
Во говорот во Сенатот, Меконел не го признава Џо Бајден за избран претседател и Камала Харис за избран потпретседател, пренесува Ројтерс.
–Претседателот Трамп има 100 процентно право да ги испитува обвинувањата за неправилности и законски опции, рече Меконел.
Републиканскиот лидер во Претставничкиот дом, во кој демократите имаат мнозинство, Кевин Мекарти во неделата за „Фокс њуз“ изјави дека треба да се слушнат сите правни аргументи пред Американците да решат „кој ја добил трката“.