По објавување на блокада од Бугарија во процесот на прифаќање на преговарачката рамка и добивање на датум за почеток на преговорите, премиетор објави дека имал состанок со претставници од Европски парламент кои го охрабриле да продолжи да бара решение во споровите со Бугарија и да продолжи со евроинтегративните проеси.
–Денеска во Владата имав средба со членот на Европскиот парламент и претседавач на заедничкиот парламентарен комитет за соработка меѓу Европската Унија и Северна Македонија, Андреас Шајдер.
Му се заблагодарив за поддршката што доаѓа од Европскиот парламент и изразив очекување дека постојат можности за излезни решенија, и покрај денешната одлука на Република Бугарија да не даде поддршка за преговарачката рамка за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Со засилена комуникација и дополнителен ангажман може да има успех за сите – за македонската интеграција, за Република Бугарија, за регионот и за Европската Унија, објави премиерот на неговиот фејсбук профил.