Уставните судии не се договорија денеска да се одлучува по фамозниот член 11-а со кој требаше да се расчисти дали Иванов смеел да ја повлече аболицијата.
Аргументите за или против во Уставен се изедначени, 4:4, па уставните судии ниту можеа да се договорат дали одлучувањето да се одложи за друга седница како што тоа го предложи Осман Кадриу, а не можеа ниту со такво расположение на силите да го изгласаат дневниот ред, воопшто.