Скратување на работното време на угостителските објекти до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна, е мерката што ја усвои Владата по предлог на Комисијата за заразни болести за да се спречи ширењето на ковид-19.
Оваа одлука за работното време важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а од неа се исклучени угостителските објекти на аеродромите во Скопје и во Охрид.