Редок метален астероид кој орбитира околу три пати подалеку од сонцето отколку што нашата планета може да да одгатне тајни за стопеното јадро на Земјата.
Новата студија објавена во понеделникот во „The Planetary Science Journal“ одблизу го разгледува овој мистериозен астероид, користејќи податоци од телескопот Хабл.
Сместен помеѓу Марс и Јупитер, Астероидот 16 Психа е еден од најмасовните објекти во астероидниот појас во нашиот Сончев систем, и со дијаметар од околу 140 милји, тој е приближно иста должина како Масачусетс.
Точниот состав е сè уште нејасен, но научниците сметаат дека е можно астероидот да е претежно направен од железо и никел.
Се претпоставува дека парче железо со негова големина може да вреди околу 10.000 квадрилиони долари, повеќе од целата економија на нашата планета.
Научниците веруваат дека астероидот може да биде металното јадро на раната планета што ја изгуби мантијата и кората поради судири што може да се случиле на почетокот на формирањето на Сончевиот систем.
Во 2022 година, НАСА ќе испрати беспилотно летало за да го проучи одблизу и подобро да го одреди неговиот состав.
Во меѓувреме, новата студија во „The Planetary Science Journal“ го разгледуваше преку телескопот Хабл во две специфични точки во ротација, за да ги зафати обете страни на астероидот.
Студијата ги вклучува првите ултравиолетови набудувања, што го унапредува нашето разбирање за површината и можниот состав.