На 30ти Октомври лидерите на Македонија, Србија и Албанија одржаа онлајн состанок за обновување на иницијативата за регионална соработка која започна минатата година.

Тројцата лидери се согласија за отворени граници без ПЦР тестови почнувајќи од понеделник (02.11.2020 година), а во меѓувреме во пресрет на состанокот во Софија ќе се работи на продлабочување на соработката во јавното здравство и меѓусебната помош.