70-годишен маж денес беше извлечен од урната зграда во западна Турција, откако беше закопан под урнатините 34 часа по силниот земјотрес што го погоди егејскиот брег на Турција и грчките острови во петокот.
Според АП, тоа била последната од многуте активности за спасување на жртвите од земјотресот.
Tурската служба за вонредни состојби (АФАД) исто така објави дека најсилниот земјотрес бил проследен со уште 833 помали земјотреси, а 40 биле посилни од четири степени.
Продолжува потрагата по преживеани од урнатините во егејскиот регион во провинцијата Измир.