дома информација вест Кризен штаб на Куманово бара од Министерството за здравство зголемување на болничките...

Кризен штаб на Куманово бара од Министерството за здравство зголемување на болничките капацитети во рамки на Општа болница Куманово

Кризниот штаб бара од Министерство за здравство да ги зголеми капацитетите на Општа болница Куманово за сместување на пациенти кои имаат потреба од болничко сместување поради КОВИД19

570
0

На денешниот одржан состанок, 49 по ред, Кризниот штаб на општина Куманово испрати барање до Министерството за здравство за зголемување на сместувачки капацитети за третман и лекување на пациенти кои се позитивни на КОВИД19.

Предвидено е зголемувањето на сместувачките капацитети во рамки на Општа болница Куманово во постојаните капацитети на другите одделенијата кои што ги има на располагање во болницата.

Општа болница Куманово ги исполни своите капацитети за сместување на пациенти кои имаа потреба од болничко лекување, а Министерство за здравство одреди пациентите од Куманово да се сместуваат низ болниците во Скопје.

Со оглед на зголемен број на нови активни случаи, општината побара повторно активирање на Општата болница Куманово и наоѓање на начин да се зголемат нејзините интерни каапцитети.

Извор: kumanovo.gov.mk