дома информација вест Се поготвува четврт сет на економски мерки, во фокус самохраните родители

Се поготвува четврт сет на економски мерки, во фокус самохраните родители

Платежни картички за самохраните родители

575
0

Со ребалансот на Буџетот за 2020 година, се обезбедуваат 470 милиони евра за реализација на мерките од четвртиот пакет за помош и поддршка.

283.000 граѓани ќе добијат домашни платежни картички во вредност од по 6.000 денари. Вкупната поддршка за оваа мерка изнесува 27,6 милиони евра.

Домашни платежни картички ќе добијат 5.726 самохрани родители, како поддршка во справувањето со последиците од економската криза.

Тоа ќе значи зајакнување на семејните буџети на над 5.700 семејства и поттикнување на приватната потрошувачка.