дома животен стил Што треба да заклучите за луѓето кои „многу прашуваат“

Што треба да заклучите за луѓето кои „многу прашуваат“

1078
0

Порано се сметаше дека луѓето кои многу прашуваат покажуваат љубопитност за вашиот живот, но во суштина прашувачите внесуваат сериозни девијации во комуникацијата.

Понекогаш тие може да бидат и извор на ваше лошо чувство или да ви пренесат енергија која е целосно деструктивна и непотребна.

Луѓето кои многу прашуваат треба да се избегнуваат од друштво а еве и зошто:

Stop Asking the Right Questions to the Wrong People - Megan Winter |  Smallville

Не сакаат да бидат центар на разговорот

Луѓето кои прашуваат ве ставаат во позиција вие да ги откривате вашите ставови, да давате информации за вашиот живот или да ги презентирате вашите вредности.

Со тоа што ви поставуваат прашања, тие не сакаат фокусот да биде на нив, туку сакаат да останат таинствени и во сенка.

Секогаш треба да имате проблем со луѓе кои избегнуваат да зборуваат транспарентно за себе.

Ве ставаат на тест

Вашите одговори ги ставаат на вага и прават проценка дали кореспондираат со нивните очекувања за тоа како треба да изгледа „точен одговор“.

Во суштина таквите луѓе се исклучително напорни и се ставаат себе и своите судови како меродавни. Не сакате да одговарате на тест прашања постојано нели?

Несигурни се

Луѓето кои постојано поставуваат прашања имаат проблеми со самодоверба. Тие се несигурни во своите моќи, способности и креативност и веројатно сакаат се во животот да им тече според некој добро предвиден и тешко осмислен план.

Но животот е толку богат, разновиден и полн со изненадување што не може да се собере во ниту еден микро-човечки план.

Имаат за цел да ви создадат непријатност

Луѓето кои постојано поставуваат прашања сакаат да ви создадат непријатност или да ве предизвикаат да ја изгубите пристојноста и љубезноста и секако да оставите впечаток дека сте слаби и неисконтролирани.

На некои прашања се одговара само со молчење!