Дали сте слушнале за терминот „забегана планета“ или често се нарекува уште и „лажна планета“?
Овие планети го добиле своето име поради нивната осаменост во меѓуѕвездениот простор и поради тоа што скршнале од законот за гравитација.
Имено научниците откриле нова таква „забегана планета“ која веруваат дека некогаш одамна била дел од Сончевиот систем.
Планетата била со маса иста како Марс и Земја, но поради некоја околност била истисната од гравитационата прегратка во Сончевиот систем.
Сега таа планета е осамена, не гравитира околу ниту едно вселенско тело и за неа буквално не важи ниту еден закон што важи за другите планети кои формираат гравитациона прегратка околу некоја ѕвезда.