дома информација вест Слобода имаш и да си ја купиш: Убиецот на Џорџ Флојд пуштен...

Слобода имаш и да си ја купиш: Убиецот на Џорџ Флојд пуштен на слобода по платена кауција – кураж за полицајците да убиваат обоени луѓе по Америка

913
0

Поранешниот полицаец Дерек Шовин, обвинет за убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд, е ослободен откако плати кауција од еден милион долари, објави во средата Ројтерс.

Поранешниот полицаец Дерек Шовин, беше обвинет за убиство од втор и трет степен, бидејќи го притисна коленото на вратот на Џорџ Флојд скоро девет минути на 25 мај, додека жртвата постојано му велеше дека не може да дише.

Видеото за убиството, кое се прошири на социјалните мрежи, предизвика протести против расизмот и полициската бруталност низ САД.

Гувернерот Тим ​​Валц ги активираше припадниците на Националната гарда на Минесота за да им помагаат на локалните полицајци во случај на потенцијални немири околу веста за неговото ослободување.

Адвокатот на Шовин, Ерик Нелсон одби да даде коментар за Ројтерс за случајот.

Ослободењето на Дерек Шовин со кауција е болно потсетување за семејството на Џорџ Флојд дека сè уште сме далеку од правдата за Џорџ – рече семејниот адвокат на жртвата.