дома информација вест Леондардо ди Каприо политички инволвиран во случувањата на Балкан – ја поддржа...

Леондардо ди Каприо политички инволвиран во случувањата на Балкан – ја поддржа забраната за изградба на мини хидроцентрали во Босна

715
0

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо на својот Фејсбук профил уште еднаш ја поддржа забраната за изградба на мини хидроцентрали во Федерацијата БиХ.

Во својата објава на оваа социјална мрежа, Ди Каприо напиша дека резултатот од глобалната кампања и неодамнешните протести во ФБиХ против изградбата на мини хидроцентрали е изјава на премиерот на ФБиХ Фадил Новалиќ во која се наведува дека тој ги поддржува еколошките невладини организации.

Како голем љубител на природата, секогаш ќе поддржувам проекти за зачувување. Мислам дека чистите реки се поважни за нас од електричната енергија. Ние сме веројатно единствената земја во регионот што е енергетски независна затоа што добиваме доволно енергија од други извори. Ние мора да ги одржуваме реките чисти и да ги предаваме идните генерации – рече Новалиќ.

Ди Каприо наведува дека Федерацијата БиХ мора веднаш да преземе брзи активности, како што е направено во САД со Законот за диви реки, за трајно да се заштити најголемиот дел од биолошката разновидност што останува во Европа.

Извор: Mondo.ba