дома животен стил Во зимски период треба да спиете со или без чорапи? – Еве...

Во зимски период треба да спиете со или без чорапи? – Еве го одговорот на таа дилема:

1170
0

За ова прашање се дебатира со години, а Интернет изобилува со причини зошто некои спијат со чорапи, а некои без.

Постојат дури и теории кои велат дали спиете или не со чорапи ја рефлектира вашата личност, па ако спиете без чорапи тоа значи, според нив, дека сте заштитнички во односите со другите, додека ако спиете со чорапи сакате да се чувствувате заштитени.

Која е вистината?

За среќа, истото прашање ги заинтригирало научниците, па биле спроведени повеќе истражувања дали да спиеме со чорапи или без нив.

-Ако сакате добро да се одморите, спијте со меки и удобни чорапи!

Традиционалната кинеска медицина веќе откри дека топлите стапала навечер се клучот за добра циркулација, а неодамнешното научно истражување открива дека луѓето кои спијат со чорапи заспиваат во просек 15 минути пред луѓето кои спијат без чорапи, а спијат помирни и подлабоки и имаат помалку непроспиени ноќи.

Значи, ако сакате да се одморите добро, спијте со чорапи!

Извор: Novosti.rs