дома информација Слатко и здраво: Научниците се пријатно изненадени колку е корисно чоколадото

Слатко и здраво: Научниците се пријатно изненадени колку е корисно чоколадото

947
0

Знаеме дека чоколадото е храна за мозокот и го подобрува расположението, а новата студија откри уште неколку нејзини позитивни ефекти врз здравјето на луѓето.

Го обожавате чоколадото, сакате да го јадете, а не ни сонувате колку е корисно!

Резултатите од истражувањето на Европското здружение за кардиологија, во кое учествуваа повеќе од 336 000 луѓе, покажаа дека ова слатко го намалува ризикот од срцеви заболувања. Но, тоа не значи дека можеме да јадеме чоколадо во неограничени количини секој ден.

Резултатите од претходните истражувања покажаа дека чоколадото влијае позитивно на намалувањето на крвниот притисок, а сега сакавме да утврдиме дали спречува некои болести – вели авторот на студијата, д-р Чајакрит Кританавонг.

Ги анализиравме резултатите од шест студии во период од 50 години. Чоколадото содржи хранливи својства кои се добри за срцето, како што се ксантин, полифеноли и стеарински киселини.