дома животен стил Рецепт: Како да искористите леб после неколку дена

Рецепт: Како да искористите леб после неколку дена

1057
0

Златно правило е дека леб никогаш не се фрла, па водејќи се по тоа правило ви препорачуваме рецепт како да го искористите.

Леб стар неколку дена може одлично да ви послужи за правење на вкусни пици.

Еве како да ги приготвите:

  • Лебот исечете го на кришки;
  • Кришките премачкајте ги со путер (или маргарин);
  • Горната страна намачкајте ја со кечап;
  • Изрендајте шунка и сирење (или кашкавал);
  • Посолете со оригано и малку сол;

Подготвените пица лебчиња ставете ги во рерна и печете ги 15 минути на 200 степени.

По печење оставете ги да изладат и сервирајте ги со додаток – мајонез или павлака.

*Овој оброк најчесто се приготвува и служи за доручек бидејќи е лесен за конзумирање и ќе ви го задоволи утринскиот апетит.