Кревети, ормари, шпорети, телевизија, маси и столици, чаши, вазни, пластични цвеќиња и куп други предмети можат да се забележат во гробниците во Поморавје.
Не само становите, туку и „куќите за другиот свет“ низ Поморавjе се опремени со овој мебел, бела техника, садови и украси.
Повеќето семејни гробници на гробиштата во градовите, а особено во селата од овој дел на Србија, по својот изглед се далеку од православните канони, според кои гробот треба да биде обележан само со крст со основни информации за починатиот.
Наместо тоа, се подигнуваат „куќи“, премногу скапи споменици, на кои се врежани епитафи од различна содржина, па дури и мобилни телефони.
Изградбата на семејни гробници во форма на куќи, често со ограда и порта, а често и со бакарни олуци, започна во 70-тите години на минатиот век, кога привремената работа на Поморавци во странство не беше доволно за семејната куќа да биде барем еден кат повисока од онаа на соседот.
Тие исто така започнаа да се натпреваруваат кој ќе потроши поголеми пари на погребот и да направи поголема гробница. Инвестираа и неколку десетици илјади евра.
Извор: Novosti.rs