Маж на возраст од околу 50 години бил пронајден обесен на дрво на брегот на Дунав во Белград.
Полицијата и Брзата помош веднаш биле повикани на местото на настанот, a екипата на Брза Помош можела да констатира само смрт.
Сведоците на настанот сведочат дека глетката била шокантна, а многу минувачки вклучително и деца и постари лица биле вознемирени од глетката.
Во моментот полицијата работи на утврдување на идентитетот на обесениот човек, а потоа ќе се води истрага дали станува збор за самоубиство и кои биле мотивите.
Извор: Novosti.rs