дома информација вест По десет дена од отворање на градинките, пријавен втор случај на дете...

По десет дена од отворање на градинките, пријавен втор случај на дете заразено со КОВИД19

884
0

Втор случај на Ковид-19 на дете во градинка вчера беше регистриран во нашата држава. Се работи за дете од еден од клоновите на струмичката градинка „Детска радост“. Детето не било носено во градинката од понеделникот, а вирусот го добило од член на семејството.

-Преземени се сите мерки за ширење на вирусот, а децата од таа група, воспитувачите и родителите се изолирани, изјави вчера директорот на градинката Васил Бубев.

Пред три дена, скопската градинка „13 Ноември“ во општина Центар, го пријави првиот случај на заразено 15-месечно дете. И во овој случај, децата кои биле во група со заразеното дете беа ставени во домашна изолација.

Од отворањето на градинките на 9 септември, за десет дена има две заразени деца, по едно во Скопје и Струмица, и воспитувачки од Свети Николе и Битола.

Извор: Сител