дома животен стил „Заборавени – зад затворените врати на занаетчиите“ е новиот документарен филм кој...

„Заборавени – зад затворените врати на занаетчиите“ е новиот документарен филм кој има голем удел во македонската кинематографија

1370
0

Кон крајот на годината ќе биде промовиран македонскиот документарен филм насловен со „Заборавени – зад затворените врати на занаетчиите“ посветен на македонските занаетчии.

Идејата е да се покаже значењето на занаетчиството како дејност и неговата примена во различни сфери. Дејноста на занаетчиите во современието е „угасена“ поради хиперпродукцијата и сериското производство преку кое се снабдуваат потребите за секојдневниот живот на маса луѓе.

Занаетчиството подготвува производи чија употреба е тесна и тие имаат уникатна вредност и симболика. Освен презентирање на важноста и спецификата на занаетчиската дејност, филмот ја покажува и личната димензија во работата преку визурата на занаетчиите.

Предвидено е учество на 10тина занаетчии во снимањето на документарниот филм кои носат посебна „вештина“ за изработка на ретки предмети и добра кои се користат во специјални прилики и намени.

Многу од нив покрај занаетчиството имаат и други интереси и дејствувања кои ги врзуваат со занаетчиската дејност што ги обликува како личности и хабитуси.

Она што не можеме да го видиме и слушнеме во секојдневните разговори, а претставува цело богатство на умотворина, ракотворина и жив разговор кој фасцинира, е содржината на документарниот филм „Заборавени – зад затворените врати на занаетчиите“.

Филмот опфаќа интеркултурен и интернационален дијапазон, бидејќи пазарот, контактите и соработката на неколку занаетчии од Македонија се врзува со престижни ликови и институции во неколку европски држави.

„Заборавени – зад затворените врати на занаетчиите“ е во продукција на „Проспериум филмс“ и продуцентот Миодраг Константинов, режија на Бојан Трифуновски, а директор на фотографијата е Кристијан Теодоров. Во филмот учествуваат и 10тина занаетчии чиј идентитет ќе биде откриван во десетина епизоди, од колку што е составен филмот.

Во тек е снимањето на документарецот, а филмските критичари и естетичари веќе покажаа ентузијазам во поглед на признанието и наградувањето на овој домашен филм.