Сите вдомени животни имаат потреби чие задоволување зависи токму од вас.
Обично станува збор за храна, вода, одење по нужда, прошетки или социјални активности кои заедно ги имате и кои се ваше заедничко секојдневие.
И додека владее општоприфатено мислење дека кучињата се најверните другари на човекот и дека тие најтешко ја прифаќаат разделбата со луѓето вистината е сосема друга.
Најсоцијални животни кои ги чуваме дома се всушност папагалите и тие буквално не можат да живеат без вас.
Доколку ги оставите сами на неколку денови и покрај тоа што нивните потреби од храна и вода се намирени, тие не може да го поднесат вашето отсуство.
По враќањето дома, ќе забележите дека им недостасуваат пердуви кои сами ги кинат од тага и самоказнување бидејќи сметаат дека нешто погрешиле поради што сте ги напуштиле.
Папагалите паѓаат во депресија и дури неколку часа откако ќе се вратите дома, тие нема да се помрднат од своето место од јачината на шокот поради тоа што биле напуштени.
Ако чувате дома папагали тогаш не е добра идеја долго да отсуствувате од дома без нив или барем носете ги со вас на сите подолги прошетки.