Високиот крвен притисок и дијабетесот доведуваат до промени во мозокот што го нарушуваат размислувањето и помнењето, сугерираат истражувањата.
Лекарите испитувале скенирање на мозокот и медицински податоци од 22.000 доброволци запишани во проектот „Велика Британија Биобанк“ и откриле значителни структурни промени во сивата и белата маса кај оние со дијабетес и висок крвен притисок.
Истите лица имаат тенденција да поминуваат полошо на когнитивните тестови кои ја мерат нивната брзина на размислување и краткорочната меморија, зголемувајќи ја можноста медицинските состојби да доведуваат до сериозен ментален пад.
„Неверојатно, наодите покажуваат дека е можно да се открие негативниот ефект на кардиоваскуларните фактори на ризик, како што се покачен крвен притисок и дијабетес, врз когнитивната функција и структурата на мозокот кај инаку здрави луѓе“, рече Масуд Хусеин, професор по неврологија и когнитивност невронаука на Одделот за клинички невронауки во Нафилд на Универзитетот во Оксфорд.
Лекарите препорачуваат да се води евиденција за начинот на живот и исхрана и дека превенцијата е многу важна врз целокупното здравје.
Но доколку дојде до хронична хипертензија и дијабетис тогаш е од исклучително значење тие да се откријат навремено и да се третираа соодветно до медикаменти и правилна исхрана.
Извор: Theguardian.com