Психијатар од Загреб го шокираше регионот, откако во јавноста се дозна дека е пријавен за сексуална злоупотреба на пациентки.
Имено, хрватскиот „Јутарњи лист“ објави сторија во која паиентка се жали на сексуално вознемирување од психијатар кој дополнително и го загрозил здравјето препишувајќи и медикаменти и терапија која не кореспондирала со нејзината клиничка слика.
Терапијата била употребувана за омамување на пациентки инаку психијатриски случаи, а по примање на терапијата лекарот се впуштил во сексуален однос со пациентките.
Неколку пациентки случајот го пријавувале и во надлежни институции и на други психијатри, но тие не добивале поддршка бидејќи имале официјален документ за одреден тип на душевно пореметување, па институциите не ги третирале сериозно нивните пријави.
Неколку колеги психијатри предпредувале дека постои основано сомнение нивниот колега да злоупотребува пациентки, но нивните апели да се воведе истражна постапка завршиле неуспешно.
Извор: Јутарњи лист