Како треба да изгледа содржината на една чинија дневно која ви го чува здравјето

1368

Според СЗО за здрав човек се смета оној кој јаде барем по еден оброк во текот на денот со лажица.

Тоа значи дека здравиот оброк треба да биде топол и во течна состојба. Најдобро решение за здрав оброк еднаш во текот на денот е токму супа со зеленчук.

Супата не претставува предјадење, туку целосен и самостоен оброк.

Лекарите препорачуваат супата да се јаде како замена за вечерата, бидејќи нејзиното варење ќе биде самостојно, содржи помалку калории и е оброк кој е лесен за варење.

Еве како да ја приговите супата која ќе ви го зачува здравјето:

Морков

Во секоја супа, морковот е една од главните состојки. Морковот дава посебен вкус на вашата супа и содржи ретки витамини кои се исклучително важни за функционирање на вашето тело. Морковот е потребен за добар вид, а состојки на морковот го чуваат вашиот организам од канцерогени материи.

Спанаќ

Спанаќ е еден од главните извори на железо што ви е потребно да здрава крвна слика. Неколку листови спанаќ ќе го збогатат вкусот на вашата супа и здравјето на вашиот организам.

Брокула

Неколку листа брокула се богат извор на витамин Ц а вкусот совршено се вклопува во комбинацијата на морков и спанаќ.

Грашок

Грашок има висока хранлива вредност и содржи протеини и растителни влакна кои се неопходни за работата на мускулите.