Ценете го повеќе вашиот живот, затоа што тоа е најголемиот подарок што би можеле да го примите.
Проблемот на човекот е колку тој е всушност свесен за своето постоење. Велиме дека луѓето се единствените свесни суштества на планетата и досега не успеавме да откриеме каква било форма на друг живот надвор од нашата планета. Некои тврдат дека животот изобилува, само што треба да го најдеме, додека други тврдат дека ние сме единствените.
Нашиот универзум е стар околу 13,5 милијарди години. Иако се чини како неверојатна ера кога се споредува со нашиот животен век и историја, станува збор за самиот почеток на универзумот и неговиот живот.
Научниците открија дека прозорецот што го овозможува потеклото на животот во нашиот универзум не е толку голем колку што се мисли.
Во текот на целиот животен век на универзумот, шансите за опстанок се можни само во 0.0000000000000000000000000000000000000000000000000000000000001.
Значи, само во овој мал, незначителен момент, животот е можен во целиот наш универзум. Подоцна, животот станува невозможен, бидејќи светлината исчезнува заради исчезнувањето на ѕвездите .
Кога ќе погледнете на овој начин, ќе сфатите дека сите ние сме победници на една голема космичка лотарија, дека ни е дадена шанса и можност да живееме на планетава која ни дозволува сè и да имаме можност да размислуваме и откриваме околу светот околу нас. Поголемиот дел од нашите животи ги поминуваме во незадоволство, и всушност треба да бидеме најсреќните суштества, на кои им беше дадена една многу ретка шанса во животот.
Извор : Novosti rs ;