Во последната година е забележан зголемен број на семејно насилство врз мажи.
Обично стереотипот за жртви на семејно насилство е жртвата да биде жена, но постои и психичко и физичко насилство врз мажи што поради вредностите и нашата култура ретко се пријавува до надлежните инстанци.
До јавноста доаѓаат само најригорозните случаи, кои вклучуваат обид за убиство и кривична одговорност по нужно интервенирање на полицијата и екипи на Брза помош.
Најнов таков случај е обидот за убиство што го извршила сопругата на кандидатот за амбасадор во Брисел – Игор П.
Таа го пробола Игор со нож во грб откако се свртел, а прободни рани имал и на раката. По интервенирање на медицинскиот персонал констатирани се тешки телесни повреди, а против извршителката е покрената кривична пријава.
Извор: Вечер.мк