Времињата се менуваат, менувајќи го начинот на живот, општествената организација и карактерот на општествените релации.

Ова време овозможува луѓето да го избираат своето опкружување и да формираат општествени релации наместо да останат на истите со кои се сретнале од нивното раѓање.

Секој од нас во животот има по некоја личност – колега, сосед, авторитет, член на семејството или партнер кој едноставно ве труе со своето присуство.

Во продолжение совети како да ги препознаете и како да се справите со најчесто застапените типови на токсични луѓе:

Љубопитен прашувач

Љубопитните луѓе се полни со прашања кои не се од суштинска вредност туку задоволуваат ниски пориви да се знае нешто компромитирачко за туѓите животи.

Љубопитниот прашувач нема свест за индискретност, приватен простор, интимно прашање, тој едноставно може да ви ги постави сите прашања кои него ќе му паднат на памет без да води сметка за вашата реакција и ефектот што ќе го предизвикаат прашањата кај вас.

Доколку сте опкружени со љубопитен прашувач и често се чуствувате лошо поради неговите прашања еве како треба да го „решите“:

-Доколку станува збор за близок човек кој не можете да го ибегнете – член на семејството на пример, вашите одговори нека бидат хумуристични и спротивни од она што би го одговориле за да се допаднете на средината (социјално непожелни одговори). Со тоа ќе покажете дека прашањето како сугестија или тест не ви важно бидејќи имате постигнато доволно ниво на независност што не може да ви го загрози ниту еден упад во вашиот личен простор.

-Ако се работи за личност со која немате блиска релација, како сосед/ка на пример, не се воздржувајте да бидете дрски и да им дадете до знаење дека вашиот живот, не е нивен проблем.

man holding his chin facing laptop computer

Фаталист

На Земја во моментот живеат 7 милијарди луѓе, сите со различни животни ситуации. Секој жив човек некогаш бил во состојба кога животот му бил неподнослив и се соочувал со куп проблеми.

Но некои луѓе имаат неодолива потреба да се жалат на своите проблеми запоставувајќи ги другите. Тоа се профили на луѓе кои се крајно себични или кои преку автовиктимизација сакаат да се „туркаат“ низ животот.

Со фаталистите најдобро ќе се справите доколку не им покажете емпатија или емотивна врзаност кои од вас ја очекуваат. Едноставно банализирајте го нивниот проблем до бесконечност или почнете да зборувате за својот или проблем на некој трет.

По одредено време, кога ќе престанат во вас да наоѓаат „пасивен слушател“ и загрижен за нивните проблеми, тие сами ќе почнат да ве избегнуваат и ќе се впуштат во потрага по нова жртва.

man sitting on chair covering his eyes

Сезнајко

Секој човек знае по нешто, но ниту еден човек не знае се. Сепак постојат луѓе кои ќе се однесуваат како да го испиле сиот памет на овој свет и постојано ќе се обидуваат да ви се наметнуваат како советодавци без да го побарате тоа од нив.

Сезнајкото најтешко можете да го ограничите кон своето делување кон вас, а тие често знаат да бидат и доста агресивни ако не ги испочитувате нивните барања за тоа што треба ВИЕ да правите.

Најдобар начин да го тргнете од себе сезнајкото е да го слушате секогаш што ви зборува до крај со мимики што делуваат заинтересирано и да го правите она што вие мислите дека треба, или она што е спротивно на неговото барање поради перформанс ефект.

Кога сезнајкото ќе сфати дека нема влијание врз вашите одлуки и дејствување ќе се откаже, но на сезнајкото никогаш отворено не му се спротиставувате бидејќи тоа ќе му го прошири просторот на докажување што всушност е и негова цел.

black smartphone near person

Човек со секоја реченица ја почнува со „јас“

Овие луѓе се најмалку опасни, освен нели ако не патите од ист тип на суета како нив, па си ги мерите суетите преку бесконечно долги говори за себе.

Луѓето кои најголем дел од говорот го посветуваат на себе и секоја реченица ја почнуваат со јас, никогаш нема да ве навредат отворено, да ви сугерираат или да ви поставуваат малограѓански прашања.

Просто фокусот на нивниот разговор е нивното „јас“, но тоа е така затоа што тие се целосно несигурни во себе, па митот што ад хок го создаваат треба да им послужи да ги убеди дека тие навистина се такви какви што се претставуваат.

Затоа овие луѓе треба да ги подржите во се што зборуваат за себе во суперлативи, ако немаат спротиставување, тие веќе сами себе во следната реченица ќе се демантираат. Па од луѓе со големи животни успеси, ќе станат обични смртници со куп животни проблеми и порази.

Нив само оставете ги да се создадат сами себе и уништат уште побрзо одошто се создале.

unknown person performing on stage

*Постојат уште типови на токсични луѓе кои треба да ги исфрлите од својата средина. Обично голем дел од нашето опкружување е такво, некои можете да ги избегнете, со некои мора да се соочувате дури и секојдневно. На крајот од краиштата не е важно сите да бидат пријатни и по ваша мерка. Сигурно дека животот на прагот ќе ни донесе и токсични луѓе, но мудроста лежи во тоа како ќе се справите со нив. А најважно е да го постигнете резултатот и да останете свои и автономни личности.

Магдалена Стојмановиќ