До крајот на јули, туристите кои доаѓаат на еднодневен излет ќе мора да платат билет за да го посетат италијанскиот град.

Цената за оние кои ќе ја резервираат најмалку три дена однапред изнесува пет евра, додека од плаќање се ослободени гостите кои ќе преноќат во градот, но тие сепак плаќаат туристичка такса за секоја ноќ што ќе ја поминат таму.

Контроверзниот проект, кој првично беше замислен како експериментален, сега влегува во третата година и е проширен од првичните 29 дена во летната сезона во 2024 година.

Минатата година биле регистрирани повеќе од 720.000 еднодневни посетители, што ѝ донело на Венеција приход од 5,4 милиони евра.

Сепак, многумина успеале да го избегнат плаќањето, а контролите досега биле ограничени.

Венеција има за цел подобро да управува со масовниот туризам во градот, кој е светски познат по своите канали и палати, Плоштадот Свети Марко и мостот Риалто.

Критичарите тврдат дека влезницата не одвраќа многу луѓе од посетата на Венеција, која и онака важи за скап град.

Околу 50.000 луѓе сè уште живеат во историскиот центар на градот, што е помалку од бројот на кревети во хотелите.