Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ е српска новинарка, писателка и сликарка и една од најпочитуваните мислителки во категоријата на современите интелектуалки, не само во Србија, туку и во регионот. Говорејќи за „Уна ТВ“ Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ, истакна дека денеска е исклучително тешко луѓето да се водат од здравиот разум бидејќи секојдневно сме таргетирани на емоционално ниво преку медиумските пропаганди и маркетинг методите.
Од друга страна потрошувачкото општество исто така наметна свои стандарди на живот, кои континуирано му ги зголемуваат потребите на еден човек и тој е во постојана трка истите тие потреби да ги задоволи. Според неа, скромноста е најголем одраз на слободата на едно човечко битие.
Бобиќ-Мојсиловиќ се осврна и на денешната состојба во семејствата и нагласи дека семејствата се на најголем удар од глобалистичката пропаганда и феминистичката идологија. Целта на овие пропаганди и идеологии, според неа е да се ослабне влијанието на алфа мажот како столб на едно семејство. Со тргање на мажот од едно семејство, тоа останува без заштита и на силен удар од надворешните влијанија. Впрочем се што мажот прави денеска може да се смета за облик насилство, со цел тој да се санкционира и тргне од семејството, или да се подвини и неговото влијание да ослабне и да биде неодлучувачки фактор.
Таа потенцираше и дека борбата за права на жените денеска е борба за уште еден даночен обврзник. Ако во минатото мажите биле единствени даноќни обврзници, денеска правата на жените ги прават и жените, даночни обврзници и државни полтрони. Како заклучок наведе дека во денешно време и во ваква констелација на околности, борбата за традиционалните вредности е најавангардното нешто.
Затоа што луѓето со здрав разум и застапници на традиционални вредности се на најголем удар од октроирани либералистички групи и трпат најголем терор на слободата на говорот и мислата доколку нивните спротивни ставови на либералистичката идеологија ги искажат јавно. Ова е дефинитивно време во кое луѓето со здрав разум поради својот мир, одлучуваат да молчат, заклучи Мојсиловиќ.