Низ целиот свет, родовиот јаз опстојува во многу аспекти од животот, од работен надомест до здравствена заштита. Поради застарените политики кои ги ограничуваа женските учеснички во клиничките испитувања, меѓу другите фактори, голем дел од модерната медицина е изградена на истражувања кои се вршат исклучиво на машки тела.

Во исто време, состојбите кои исклучиво влијаат на жените, како што се предменструалниот синдром, ендометриозата и синдромот на полицистични јајници, рутински се стигматизирани и недоволно проучени.

Во последниве години, стана јасно дека кардиоваскуларните заболувања, невролошките нарушувања и автоимуните болести различно или несразмерно ги погодуваат жените, нагласувајќи ја потребата од пристапи специфични за полот и родот.

Согласно тоа, научаната заедница, особено жените научнички апелираат медицинските истражувања да се прилагодат на потребите на женското здравје, вклучувајќи ги женските тела во поголем примерок во истражувањата и аплицирајќи ги на третмани кои се применливи само на женското здравје.

Теми како што се безболна менструација, безболен пород, безбедни контрацептивни методи, зголемена контрола на репродукцијата, како и болести како што се карцином на дојка и други заболувања кои повеќе ги погодуваат жени. Освен поради биолошките и ендокринолошките специфики, жените се погодени од одредени болести повеќе од мажите и пради навиките и животниот стил. Кои пак, се резултат на културните и социјалните фактори. Затоа покрај полот, голема улога игра и родот во обликување на научно-истражувачката работа.