Три астероиди денеска ќе се приближат до Земјата, а астероидот ON ќе помине покрај нашата планета на растојание од еден милион километри, што е околу 2,6 пати повеќе од растојанието од Месечината, објави НАСА.
Астероидот ON е со големина на стадион со пречник од околу 290 метри, а два астероиди со големина на куќа се очекува да поминат покрај Земјата денеска на растојание од 1,8 милиони километри и 5,8 милиони километри, пишува Swisherpost.
Во среда, астероидот долг 155 метри ќе помине на оддалеченост од 3,25 милиони километри од Земјата, а друг, со големина на куќа, ќе се приближи на 6,36 милиони километри.
Иако овие објекти се класифицирани како „потенцијално опасни“ поради нивната големина и близина, ниту еден не е на пат на судир со Земјата.
И покрај нивната големина и брзина, НАСА увери дека ниту еден од овие астероиди што се приближуваат не се очекува да удри на Земјата.