Денеска е петок 13. Тоа е најомразениот датум кој многумина го сметаат за „проколнат“, а со него се поврзуваат и бројни митови, легенди и често многу бизарни верувања.

Многу болници и хотели го немаат бројот 13 во собите, некои солитери го немаат бројот 13 во лифтовите, а има дури и аеродромски терминали без излез 13, како и авиокомпании кои немаат седишта со број 13 во нивните авиони.

Луѓето имаат посебен однос со бројот 13 уште од античко време

Старите Египќани бројот 13 го поврзувале со задгробниот живот. Тие верувале дека нивниот живот се состои од 12 фази, а следната е кога ќе умрат. Бројот 13 предизвикал стравопочит, страв и мистерија кај нив.

Викинзите исто така имаа своја теорија. Бројот 13 се сметал за несреќен поради вечерата организирана во Валхала каде се собрале 12 богови – 13-ти бог бил Локи, богот на злото кој не бил поканет на таа вечера. Според легендата, Локи многу се налутил поради тоа, па на вечерата дошол непоканет и го довел светот во темнина. За нив 13-тиот бог бил олицетворение на злото.

Низ историјата, бројот 13 се поврзувал со лоши работи, а една од нив е теорија од средниот век според која тој број се поврзува со вештерки бидејќи ги имало 13 во група. Според некои верувања, вештерки се поврзувале со петок, па некако се појавило суеверие за тоа колку е лоша таа комбинација.

Во нордиската митологија постоела Фрига, божицата на слободниот дух, љубовта и плодноста која била прогласена за вештерка и протерана кога племињата преминале во христијанство. Легендата вели дека секој петок Фрига се среќавала со 11 вештерки и ѓаволот (вкупно ги имало 13) и заедно смислувале лоши дела за следната недела.

Сепак, верувањето дека петок 13 е лош ден има свои предности. Според некои статистики, тој ден има помалку сообраќајни несреќи бидејќи луѓето возат повнимателно. Прогнозите се дека овие општоприфатени верувања ќе придонесат и за тоа да поевтинат куќите со број 13, како и авионските летови.

Параскевидекатриафобијата е страв од петок 13-ти

Иако звучи малку неверојатно, многу луѓе бегаат од тој ден бидејќи веруваат дека нешто лошо ќе им се случи. Наводно, истиот страв го имал и поранешниот американски претседател Френклин Рузвелт. Според некои проценки, неколку десетици милиони луѓе страдаат од оваа фобија, со помал или поголем интензитет.

Наводно, овој страв го имал и поранешниот американски претседател Френклин Рузвелт.

Некои луѓе толку се плашат да не ги снајде судбината на проклетството што на 13-ти петок не сакаат да излезат од дома, дури и пропуштаат работа. Други избегнуваат да донесат какви било одлуки тој ден бидејќи не сакаат да бидат обвинети подоцна ако се случи нешто лошо.