На овогодинешниот Саем на книга во Скопје, светски познатиот автор на психолошки трилери – Крис Картер беше специјален гост на штандот на издавачката куќа Сакам книги. Годинава издавачката куќа Сакам книги го најави Крис Картер како нивен специјален гостин на штандот и тоа по повод промоција на два најнови наслови од Крис Картер, „Ја сум смрт“ и „Јавувачот“ достапни на македонски јазик.
Крис Картер на гостување на скопскиот саем на книга привлече најголем број посетители, со што стана автор кој го обележа овогодинешниот Саем на книга во Скопје. Тиражите за двете најнови книги од Крис Картер кои беа промовирани на саемот се скоро продадени, а авторот истакнал дека после Германија, Македонија е земја во која има потпишано најголем број примероци на своите книги.
Дружбата на овој бразилско-американски автор на крими-трилери со македонската читателска публика ќе се продолжи и денеска, со почеток во 18.00 часот во Синеплекс во рамки на книжевниот настан организиран од издавачката куќа Сакам книги. На книжевниот настан, покрај Крис Картер, говор ќе одржи и македонскиот автор на трилери Јордан Коцевски. Публиката ќе има можност за директна интеракција со авторот и учество во книжевниот разговор.