Во вторник ќе почне пријавувањето за првата атлетска трка која ќе се организира во Кичево од страна на А.К. Ускана – Кичево.
Идејата на организаторот е да поттикне што е можно повеќе млади луѓе да се вклучуваат во атлетските трки, но и да се промовира спортот како ефикасен начин да се користи слободното време и здравиот начин на животот помеѓу младата популација.
Целата идеја започна мината година од група вљубеници во трчањето кои учествуваат на многу атлетски трки, кои се запрашаа зошто и Кичево да не се запише на мапата на атлетски градови во Македонија, велат од организацијата.
Според нив, така започнала и оваа идеја која денес е пред реализација, а известија дека на 5 мај започнува пријавувањето за првата атлетска трка во Кичево на 5 км и 10 км која ќе се одржи на 29 октомври.
Целтта како што велат е да се поттикне што поголем број луѓе да одлучат да се пријават и да ја истрчаат својата прва трка, да ја почувствуваат целата убавина на трчањето како спорт.
Во последните неколку години атлетиката станува се попривлечен спорт за млади луѓе благодарение на амбициозните клубови и спортисти кои се борат да го истакнат значајното место на атлетиката помеѓу спортовите.