Љуба Поповиќ секогаш припаѓал во армијата на бунтовници со нескротлив темперамент. Познати се неговите фантазмагорични визии уште од студентски денови кога се препуштал на сликарските аксиоми кој не ги согледувал консеквенците кои следат, искажувајќи го својот либерален став косејќи ги конвенционалните стереотипи.
Тој бил со париска адреса на живеење и користел сликарски валер сакајќи да се идентификува со светот на надреализмот од каталонскиот гениј.
Не би биле правични доколку пред лицето на правдата потврдиме за неговиот маниристички ракопис кој е повеќе во дослух со светот на Хенри Русо отколку Салвадор Дали.
Сепак, за читателите да споделиме една констатација која можеби ќе ги голицне нивните сетила а според многумина критичари наоѓаат слични варијации во стилот на изразување меѓу Рубенс Корубин и Љуба Поповиќ.
Неговото сликарство често пати било предмет на дискусија каде се полемиризирало за делата како „Скротувачка” и за сведоштвата на авторот кои ни ја разоткриваат тајната на женското тело а уште поинтересна е дискусијата за девојката која ја сретнал на улица непосредно по завршеното дело „Предизвици” кој наоѓа сличност со истоимениот мотив од сликата; не помалку е интересен женскиот лик од сликата „Двосмисленост во розе боја” кој намерно или случајно не е идентификуван женскиот мистичен лик, но тоа секако не ни забранува да се препуштиме на мечтите и да впловиме во светот на фантазмагоричното.
Едно толкување е дека е некоја непрежалена љубов или невозвратена и така можеме да набројуваме до бесконечност примери но доаѓаме секој до свои заклучоци, односно би ја потврдиле нартодната за вкусови не треба да се разговара.
Животот на Поповиќ бил се само не досаден, сочинет од авантури и апсурди, самиот тој се декларирал како анархист кој не трпел критички дискусии и бил достоен на своите замисли.
Од друга страна пак за некој инспирација за креативна моќ пронаоѓа во сликарскиоте свет на германскиот ренесансен ерудит Албрехт Дирер, додека некој друг се восхитува на огнениот свет од Тицијан, а трети се задлабочуваат во живописниот пејсаж на Моне, или радосниот свет кај Реноар, но не се во мал број мечтатели кои се идентификуваат со сезановата сончева топлина, а дали почесно место зазема името на холандскиот перфекционистички портретист Јан Вермер од оваа лепеза на сликарски генијалци е прашање кое со нетрпение го очекуваме одговорот.
Автор: Алек Василевски