Истражувањето спроведено на постари лица покажало дека тие ќе се чувствуваат помалку осамено ако се грижат за своите внуци, со позитивен ефект врз менталното здравје наведен како конечен резултат.
Од друга страна, сите оние кои самостојно се грижат за својот болен брачен другар без дополнителна поддршка од околината, имаат поголеми шанси да се чувствуваат поосамено.
–Резултатите јасно покажуваат дека грижата за внуците има позитивно, додека грижата за болен сопружник има негативно влијание врз чувството на осаменост, вели Самиа Актер-Кан од Универзитетот во Лондон.
Осаменоста е доминантно чувство во случај на недостаток на поддршка
Со цел да ја откријат врската помеѓу осаменоста, научниците ги анализирале резултатите од 28 студии, спроведени на 191.652 испитаници во 21 земја. Податоците сугерираат дека постарите луѓе кои се грижеле за своите внуци околу 12 часа неделно имале 60 отсто помали шанси да се чувствуваат осамено отколку нивните врсници кои не се грижеле. Покрај тоа, забележано е дека оние кои волонтираат исто така се чувствуваат помалку осамени.
Меѓутоа, грижата само за болен брачен другар или член на семејството е директно поврзана со чувството на изолација. Затоа, авторите на студијата нагласуваат дека грижата за старите лица е исклучително важна, дури и во случаи кога тоа е скапа и напорна активност за нашето општество.
–Ние обично гледаме на постарите луѓе како на трошок за општеството во смисла на трошење пари за пензиско и здравствено осигурување. Но, тие можат да играат важна улога во одгледувањето на потомството и волонтирањето, поради што тие се вистинскиот избор, рече Актер-Кан.