Многумина сметаат дека напорна работа го исцрпува човекот, но овој став е погрешен. Луѓето не ги исрпува менталното и физичкото вложување, колку што ги исцрпува досадата, монотонијата и непредизвикувачката димензија од работата која ја работат. 

Оние луѓе кои ја сакаат својата работа чувствуваа помалку умор, од луѓето кои работат нешто што не ги исполнува и не го гледаат како момент на самоактуелизација и можност за личен напредок. Иако уморот здраворазумски најчесто го врзуваме со работењето, неговиот извор не е само работата.

Во македоснкиот јазик, како и во другите словенски јазици работата се асоцира со мака, труд, тешкотија, напор, оттука и произлегува поврзувањето на работата како извор на умор. Одморот го имаме во облик на годишен одмор од работата и затоа се смета дека тоа е периодот кој е директно врзан со исполнување на норма на работење на годишно ниво после кое следува одмор или слободни денови.

Покрај работата постојат и други фактори кои ве исцрпуваат и предизвикуваат чувство на умор:

Негативни луѓе и лошо опкружување 

Негативните луѓе и опкружување каде сите се гласни, раздразнети и конфликтни, може да доведе до исцрпување. Луѓето обично одат на места каде има гласна музика, како клубовите и рестораните, бидејќи тоа го доживуваат како ослободување на енергија, но наредните неколку дена може да чувстваат голем умор поради лошото опкружување.

Квантитетот на луѓе не го создава ефектот на лошо опкружување, напротив на културни настани, посета на религиозни објекти и сл. каде луѓето се дисциплинирани и фокусирани, квантитетот на луѓе може да предизвика само дополнителен проток на енергија и желба за работа.

За лошо опкружување се смета опкружување во кое без разлика на тоа колку луѓе учествуваат тие не се добронамерни меѓусебе, реагираат емотивно и влијаат директно на нашите емоции. Затоа од некои разговори излегуваме потполно празни, а впечатоците за некои луѓе сосема ни исчезнуваат бидејќи не можеме да запомниме ниту една битна функција која ја имал разговорот со нив.

Незадоволство

Незадоволството од вашиот партнер, семејството, работата или пријателите дефинитивно може да ви ја одземе волјата. Но како да дознаете дека постои незадоволство кај вас во некои сегменти во животот?

Многу едноставно доколку сте уморни и поспани на работа, тогаш дефинитивно ја работите работата која не ви причинува задоволство. Ако дома сте без волја и енергија, а надвор цветата, вашето опкружување ве гуши. Доколку имате лошо чувство во стомакот додека сте со пријателите, тоа дефинитивно не се вашите пријатели и време е да ја промените својата средина.

Човекот ја има слободата да прави избори и промени во животот и затоа делумна самостојно ја носиме одговорноста и за нашето незадоволство од која и да е сфера во животот.

Постојан стрес

Стресот не е ништо друго туку реакција на нашето тело на страв. Чувството на страв произлегува по наша проценка дека нешто е „опасно“. Доколку имате стрес во близина на некој колега или колешка, вашиот партнер или некој ваш пријател, тогаш дефинитивно не ви требаат докази и анализи. Вашата интуиција доволно ви говори дека тие луѓе не се добронамерни.

Луѓето се многу покомплексни битија и не можат да се сведат само на разум, понекогаш е паметно да ја слушнете и вашата интуиција што има да ви каже. Стресот е мачење што сами си го приредуваме себе доколку дозволиме луѓето кои ни го создаваат да бидат и понатаму дел од нашето опкружување.

Препораки

Намалување на стресот, здрава исхрана и социјално опкружување кое ви е пријатно е најмалку што можете да направите за себе. На тој начин ќе ја чувате својата енергија и фокусирате на вистински начин. Само одморените луѓе не бегаат од одговорност и секогаш се поуспешни.