Сите ние имаме денови кога стануваме на „лева нога“ и „го мразиме“ цел свет.
Меѓутоа, тоа не е оправдување да заборавиме да бидеме љубезни кон другите. Сопственик на едно кафуле во Велика Британија одлучил на посебен начин да ги награди своите пристојни гости.
Некои од луѓето случајно или пак поради тоа што штотуку се разбудиле забораваат да го кажат зборот „ве молам“, додека нарачуваат храна или кафе. Но, сопственикот на еден угостителски објект потсетил зошто не треба да го прават тоа.
Усман Хусаин претходно годинава отворил кафуле, поточно чајџилница во Престон која освен чај, нуди и крофни за појадок, а посетителите веднаш на влезот ги чека посебен ценовник.
Имено, политиката на кафулето се води според тоа дека чајот би можел да ве чини 1.90 фунти доколку сте пристојни, а 5 фунти доколку не сте.
Најевтината цена вреди доколку купувачот каже: „Здраво Desi Chai ве молам“, додека пак најскапата цена важи доколку купувачот каже „Desi Chai“.