Бројни слабости во однос на спроведување на економските структурни реформи, мерките за справување со последиците од енергетската криза не се таргетирани кон ранливите слоеви од населението и компаниите, даночните ослободувања ги поткопуваат даночните приходи, се дел од нотираните недостатоци во Извештајот на Европската комисија кoј беше презентиран вчера во Брисел.
Во Извештајот се вели дека има отсуството на каков било напредок во справувањето со сивата економија, а мерките и стратегиите за подобрување на бизнис окружувањето не се доволно систематски и конзистентни но дека има недостатоци во транспарентноста и ефикасноста на државната помош.
Во Извештајот е нагласена потребата мерките за справување со последиците од енергетската криза да бидат таргетирани кон ранливите слоеви од населението и компаниите.
Извештајот забележува дека широкиот дијапазон на даночни ослободувања кои ги поткопува даночните приходи, имајќи предвид дека предлогот за наметнување придонеси на приходите од договори за привремено и повремено вршење работа ги поткопува темелите на владеењето на правото, а предлогот за прогресивно оданочување на доходот од граѓаните, но не и од компаниите во услови на екстра-остварени профити кај одредени дејности во кризни околности, отвора дилеми за вистинската намера на ваквото оданочување.
Извештајот дава остра критика за отсуството на каков било напредок во справувањето со сивата економија, поконкретно во спроведувањето на Стратегијата за формализација на неформалната економија 2018-2022.
Извештајот нотира дека „транспарентноста и ефикасноста на државната помош останува со недостатоци“ и индиректно упатува дека, покрај консолидација на различните државни помоши за компаниите, неопходно е и нејзино намалување, односно базирање на поддршката на компаниите – на нивната конкурентност и интеграција во глобалните синџири на снабдување – преку други мерки кои исклучуваат државна помош.
Извештајот укажува дека државната помош доделена на компаниите преку Планот за економски раст, како главен инструмент за хоризонтална помош, е нејасна, а државата не спровела оценка на нејзиното влијание.
Во остатокот од економскиот дел, Извештајот се фокусира врз потребата од структурни реформи за чие спроведување и резултати е потребен подолг рок, а тоа се областите на човечки капитал, физичка и енергетска инфраструктура и иновации, кои во најголем дел беа присутни и во претходните извештаи“.