Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, најпрвин во западните, а потоа и во останатите подрачја. Како што информираат од УХМР, во попладневните и вечерните часови ќе има врнежи на повеќе места.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје облачно, попладне и во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во петок во текот на денот облачноста ќе се намали и врнежите ќе престануваат. Додека за викенд, односно во сабота следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.

ИЗВОРСкопје инфо
претходниот член,Според извештајот на ЕК во Македонија отсуствува напредок во справување со сивата економија
Следната статијаЕСМ: Ако има поскапување на струјата ќе биде минимално!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде