Овогодишен добитник на Нобеловата награда за литература е Французинката Ен Херно.
Како што е објаснето, наградата оваа година и е доделена на Ана Ерно поради храброста и острината со која ги открива корените, отуѓувањата и колективните ограничувања на личната меморија.
Иако добитникот на наградата беше непредвидлив, еден од главните фаворити беше Салман Ружди, писател роден во Индија, кој е силен поборник за слободата на говорот.
Ружди помина години криејќи се откако иранските свештенички владетели повикаа на негова смрт поради романот „Сатански стихови“ од 1988 година. Писателот беше тешко повреден во август, откако беше избоден со нож на фестивал во Њујорк.
Овогодинешните фаворити беа: кенискиот писател Нгуги Ва Тионго, Харуки Мураками од Јапонија, Џон Фосе од Норвешка, Јамајка Кинкаид од Антигва.
Минатогодишната награда му припадна на писателот роден во Танзанија, Абдулразак Гурнау, чии романи го истражуваат влијанието на миграцијата врз поединците и општествата.
Неделата на објавување на Нобеловата награда започна во понеделникот со шведскиот научник Сванте Пеб кој ја прифати наградата за медицина за откривање на тајните на ДНК на неандерталците што обезбеди клучни сознанија за нашиот имунолошки систем.
Наградата ја доделува Шведската академија на науките, а победникот добива паричен износ од нешто повеќе од 1.000.000 евра.