Се подготвува Закон за амнестија за граѓаните кои не можат да ги платат казните поради непочитување на мерките за време на пандемијата. Нема да важи за рестораните, за кафулињата, за фирмите и за другите правни лица кои ги прекршуваа протоколите, објави Телма.

Освен социјалниот елемент, намерата на овој закон е да се избегне и одење во затвор на оние кои не можат да платат. Само во Кривичниот суд до сега над 200 граѓани добиле покана за затвор.

Една од целите на законот е социјалниот момент, односно да им се помогне на граѓаните кои не можат да ги платат казните кои се движеа до повеќе илјади евра – Пренесување заразна болест и Непостапување според здравствените прописи во време на пандемија.

Другиот апсект, велат, е да се избегне пренатрупаноста на затворите, бидејки сите оние кои во рок од две години нема да ги платат паричните казни, казната им се заменува со затворска.

ИЗВОРТелма
претходниот член,Објавено името на овогодинешниот добитник на Нобелова награда за книжевност
Следната статијаПеточна и викенд временска прогноза

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде