Полицијата во чешкиот главен град Прага води истрага откако непознат сторител ги исчкртал ѕидовите на украинската амбасада со црвена боја.
На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа како работник ги чисти ѕидовите, скалите и оградата на зградата.
Полицајците ги прегледуваат снимките од видео надзорот, а наводно вандализмот се случил околу 3 часот по полноќ по локално време.