Наставата неопходно е да се одвива со физичко присуство, и покрај пречките од централната власт општината Аеродром ќе го обезбеди тоа.
И покрај немањето слух на централната власт за проблемите со кои се соочува локалната самоуправа, а за што говорат и намалените дотации и трансфери во време на сериозна енергетска и економска криза, Општина Аеродром останува цврсто на ставот дека неопходно е учениците да останат во училишните клупи.
Секоја одлука спротивна на ова негативно ќе се одрази на целиот образовен процес, се вели во соопштението од Општина Аеродром.
Општината ќе ги преземе сите неопходни чекори со цел младите да можат да посетуваат редовна настава и да не се загрози образовниот процес.
Вклучително и преземање на целиот товар кој ќе преоизлезе од трошоците за обезбедување настава со физичко присуство, доколку од страна на централната власт биде наложено.