Македонија сé уште тоне во корупција, покажува најновиот извештај на Транспаренси Интернешнл за 2021 година.
Во објавениот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл, Македонија е рангирана на 87-то место со 39 бодови.
Македонија ова место го дели заедно со Косово, Мароко, Танзанија и Суринам.
Во регионот пред Македонија се и Албанија, Бугарија, Србија и Грција. Сите соседни земји се подобро рангирани од нашата.
Корупцијата се уште останува еден од најголемите проблеми на Македонија, нешто што го нотираат сите западни дипломати и извештаи.