Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната од 17 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде исто сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 23 степени.

За време на викендот, утрата ќе бидат студени, а дневната температура ќе биде во пораст, кој ќе биде позначителен кон почетокот на следната седмица.

Во понеделник во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, а во вторник ќе биде и нестабилно со повремено пороен дожд и појава на грмежи и засилен ветер, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Од почетокот на следната седмица се најавува ветровито време со умерен до повремено засилен јужен ветер.

ИЗВОРВработување
претходниот член,Радев: Бугарија нема да ги признае референдумите во украинските региони под руска контрола
Следната статијаВо Македонија има најмногу корупција во споредба со земјите од регионот

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде