Поранешниот директор на Ј.П Градски Паркинг Бојан Христовски, денеска се огласи на својот фејсбук профил и откри дека и покрај тоа што поднел оставка преку архивата, се уште не е постапено по истата поради Нешто оваа јавно претпријатие и неговите вработени моментално функционираат без директор.
Помина цела недела откако јавно објавив, но и формално до архивата на Градот доставив неотповиклива оставка.
Веднаш потоа градоначалничката Арсовска на нејзината фејсбук-страница објави дека оставките се „принудни” (без разлика дали е така), што укажува дека била/е спремна за кадрови промени.
Но, реалноста е друга, од Градот се’ уште нема никаков одговор. Претпријатието и вработените се оставени сами на себе.
Алармирам до градската администрација да си постапи во согласност со законот, да ја прифати мојата неотповиклива оставка и да назначи нов директор. Работата во претпријатието мора да продолжи без одлагање. Тековните активности и новитети не смеат да запрат без разлика на несогласувања и политички комбинаторики.
Вработените и граѓаните се на прво место!
Уште еднаш сакам јавно да се заблагодарам на сите вработени во ЈП Градски паркинг, како и сите поддржувачи на мојата досегашна работа во претпријатието, стои во соопштението на Христовски
Пред една недела градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска во јавноста се произнесе со коментар на нејзиниот официјален фејсбук профил дека му дала услов на Христовски самостојно да си даде оставка или да биде разрешен од функцијата директор. Овој навод со денешниот статус, Христовски го демантираше посочувајќи дека доколку Арсовска го планирала нивното заминување од функција досега би имала подготвено ново кадровско решение за фунцијата директор на Ј.П Паркизи.