За тоа како е можно масло за јадење произведено во земјава кај нас да е 140 до 150 денари по маркетите а во Црна Гора да е евро и 80 центи односно 111 денари одговор побаравме директно од фабриките кои го произведуваат.
Од таму велат дека се работи за нормална и вообичаена економска работа.
Секоја фабрика од земјава за да освои некој од соседните пазари според нив за извоз формира пониски цени за погелми закупени количини од тамошните трговци со цел да го прошири пазарот и воедно да биде конкурентен во случај со фабриките од Србија кои исто така имаат цел да извезуваат во Црна Гора, Косово и Албанија.
Според нив најдобар пример за тоа се српски брендови на масло за јадење кои во земјава секогаш се продавале за 10 тина денари поефтино од цената која ја имаат во матичната земја каде се произвоедуваат со цел да земат дел од колачот и на нашиот пазар. Во меѓувреме за тоа какви се цените кај домашните трговци државниот пазарен инспекторат постојани прави контроли и секаде каде не се почитува огрничувањето на маржата се изрекуваат казни.
По порастот на цените на основноите прехранбени продукти заради зголемувањето на трошоците на производство владата од средината на јуни донесе мерка за замрзнуавње на маржите на десетина продукти.
Со 5% максимална маржа може да се продаваан маслото за јадење, лебот и шеќерот а на 10% е замрзната маржата за јајзата, брашното, макароните, оризот и млекото. Оваа мерка се продолжува до крајот на годината.