Дубаи планира да изгради зграда вредна 5 милијарди долари, откри канадската архитектонска фирма и давателот на лиценца за интелектуална сопственост Moon World Resorts.
Објектот ќе биде комплекс од неколку помали згради. Областа околу лунарната површина на одморалиштето, наречена „месечева колонија“, е дизајнирана да предизвика чувство дека се наоѓа на (или барем многу блиску) на површината на Месечината. Дизајниран од Сандра Метјуз и Мајкл Хендерсон, одморалиштето е предвидено да биде изградено за 48 месеци и ќе има вкупна висина од 224 метри.
Откако ќе се изгради, Мун Дубаи се очекува да придонесе за економијата на Емиратите во сектори како што се угостителство, забава, атракции, образование, технологија, животна средина и вселенски туризам, рече Хендерсон.
“Мун Дубаи ќе биде најголемиот и најуспешен модерен туристички проект во целиот регион“, соопшти компанијата, додавајќи дека „комфорно може да прими 10 милиони посетители годишно“.
Мун Дубаи значително ќе влијае на секој аспект од економијата на емиратите, вклучувајќи туризам, транспорт, комерцијални и станбени недвижности, инфраструктура, финансиски услуги, воздушна, енергија, земјоделство, технологија и секако образование, рече Хендерсон, додавајќи дека ова „цврсто ќе го стави знамето на ОАЕ во првите редови на истражувањето на вселената“, со што ги поттикна милиони глобални ентузијасти да бараат сè што има да понуди Дубаи.
Фокусот на одморалиштето е на врвна архитектура, инженерство, дизајн и технологија. Мун ќе има и платформа за обука за различни вселенски агенции и нивните астронаути.