Државите ширум светот организираат лотарии и на тој начин заработуваат. И македонската држава има свои компании за организирање на игри на среќа.

Едната е АД Државна лотарија на Македонија и таа е 100% во сопственост на државата. Како што пишува на нејзината офцијална страница “компанијата е во државна сопственост, основана според успешни примери и искуства од европските и светските државни лотарии, со цел континуиран придонес во републичкиот буџет за инвестирање во општествено корисни цели лотарија“, анализира порталот Пари.

Другата е Државната видеолотарија на РСМ – КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје, која е во сопственост на Државната Лотарија на Македонија и на Касинос Аустриа Интернационал Македонија, Заедничката добивката на двете компании: АД Државна лотарија на Македонија и на Државната видеолотарија на РСМ – КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје, во 2021 година изнесувала 21,5 милиони евра.

Приходите пак, на двете компании остварени од разни видови на игри што ги практикувале граѓаните се 77,7 милиони евра.

  • Дали сте знаеле…?

Најстарата лотарија која сè уште е активна е Холандската национална лотарија, која датира уште од првото извлекување во 1726 година во Хаг. На второ место е шпанската „Ел Гордо“ која постои од 1812 година и која денес се смета за најголемата лотарија во светот. (Пари.мк)

ИЗВОРПари.мк
претходниот член,Десетици авганистански девојчиња протестираат против забраната за образование што ја воведоа талибанците
Следната статијаВо Дубаи ќе се гради ново светско чудо

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде